Регулаторната комисија за енергетика објави нова корекција на цените на нафтените деривати.
Според најновата одлука, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети во однос на нивото утврдено на 1 декември 2025 година. Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по 75,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 77,00 денари за литар, додека ЕЛ-1 и понатаму изнесува 66,50 денари по литар.
Кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) има намалување од 1,00 денар за литар во споредба со претходната регулирана цена од 01.12.2025 година, па така новата малопродажна цена е 68,50 денари за литар.
Кај мазутот М-1 НС е утврдено мало зголемување од 0,009 денари по килограм во однос на претходната цена, со што новата вредност изнесува 33,972 денари за килограм.

