Најмалку 17 лица загинаа денес во пожар во деловна зграда во Џакарта, објави полицијата.
Пожарот избувнал во седумкатна зграда, која била обвиткана во густ црн чад, јавува АП.
Пожарот предизвикал паника кај околните жители и работници во центарот на Џакарта.
Според локалната телевизија Компас, пожарот е под контрола на пожарникарите.

