Плинска боца предизвика пожар во стан во Куманово

Сподели со своите пријатели

Плинска боца вчера попладне предизвикала пожар во стан на 58-годишен кумановец, при што е нанесена само материјална штета.

– На 01.12.2025 во 18:14 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово настанал пожар во стан сопственост на В.Ѓ.(58) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, при пукање на плинската боца биле оштетени само елементи од кујната и нема повредени.

Во гаснење на огнот учествувале двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дечињата во кумановската болница добија пакетчиња (ВИДЕО)

Никола Ивановски