Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²).
На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу еден степн над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне до 5 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово денеска е издаден портокалов метео аларм за опасност од врнежи од дожд.

Утре ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 1 степен, а дневниот максимум ќе достигне 4 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 0 до максимални 7 степени целзиусови.

Новата работна недела нсои суво и сончево време со пивоски дневни, но пониски утрински температури.
Никола Ивановски

