Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека земјата има намера да побара Единицата за команден и контролен систем на НАТО да биде сместена во Финска.
Во писмена изјава, која ја пренесе финското Министерство за одбрана, Хаканен рече дека единицата, која би имала 50 членови, доколку се имплементира, ќе биде дел од командната структура на НАТО, а нејзиното одржување, како и изградбата на потребните сместувачки капацитети, ќе бидат кофинансирани од НАТО, пренесува Yle.
„Единицата за команден и контролен систем би понудила можност за развој на компатибилноста на финските национални и услугите на командниот и контролен систем на НАТО“, рече Хаканен.
Одлуките за ова прашање се планира да се донесат на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во февруари 2026 година.

