Кумановец со лажна диплома од средно, се вработил во јавно претпријатие

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник од Куманово кривично ќе одговара поради сомнение дека набавил фалсификувана диплома од средно образование и се вработил во јавно претпријатие.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што додаваат од полицијата, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците запленија 84.000 евра на ГП Табановце (ФОТО)

Никола Ивановски