Хаос на белгиските аеродроми. Дронови парализираа летови, војската е во готовност

Сподели со своите пријатели

Аеродромот во белгискиот град Лиеж привремено ги прекина летовите откако беше забележан дрон, што е втор ваков инцидент оваа недела, објави денес националната новинска агенција Белга, повикувајќи се на службата за контрола на летови „Скајс“.

Пред овој инцидент, воздушниот сообраќај на аеродромот во Брисел беше прекинат двапати во вторник вечерта поради видувања на дронови, но аеродромот ги продолжи операциите околу 23:15 часот.

Првото затворање траеше од 20:00 до 21:30 часот, а второто од 22:00 до 23:15 часот, откако контролата на летови „Скајс“ идентификуваше дронови во воздушниот простор на аеродромот, објави „Брисел тајмс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици летови до САД ќе бидат откажани денес поради затворањето на владата

Летовите во двата правци беа засегнати – некои беа откажани, додека други беа пренасочени кон аеродромите во Мастрихт, Келн и Амстердам.

Вкупно 28 летови беа откажани – 12 полетувања и 16 пристигнувања.

Аеродромот Шарлроа, исто така, привремено го прекина сообраќајот за околу 20 минути како мерка на претпазливост, иако таму не беа забележани дронови.

Приближно во исто време, шест дронови беа видени во близина на воздухопловната база Клајне-Брогел, каде што се складира американско нуклеарно оружје и се стационирани борбени авиони Ф-16.

На белгиската армија ѝ е наредено да соборува дронови над воена територија, под услов да може да го стори тоа безбедно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Некој испратил сомнителен пакет во американска воена база, неколку лица во болница