Кумановци претепани во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец пријавил дека со неговиот роднина биле нападнати во угостителски објект.

– На 28.10.2025 во 20:15 часот во СВР Куманово, М.В.(21) од Куманово пријавил дека во угостителски објект на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, тој и неговиот роднина М.Р. биле нападнати со тврд предмет од неколку лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски