Две лица од Скопје биле приведени викендов откако прскале со солзавец во дискотека во Куманово, а потоа нападнале полицаец.
– На 25.10.2025 година во 01.50 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.К. (24) и З.К.(23) од Скопје, затоа што во дискотека на плоштад „Маршал Тито” во Куманово прскале со солзавец, а потоа нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски

