Во Куманово одбележан Денот на македонската револуционерна борба (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом денеска беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, со културно-уметничка програма во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината.

 

 

Настанот започна со литературна творба посветена на револуционерниот дух и славната историја на македонскиот народ, по што публиката имаше можност да ја проследи проекцијата на документарниот филм „Историја на ВМРО“ и да ја разгледа изложбената поставка на фотографии позајмени од ризницата на НУ Музеј – Куманово.

 

 

На манифестацијата присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, како и претставници од општинската администрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се обидел да го избоде својот брат

 

Никола Ивановски