Едно лице е убиено, а едно е тешко повредено во украинскиот напад врз населбата Нова Каховка во регионот Херсон под руска контрола, објави вршителот на должноста градоначалник Владимир Оганесов.
Оганесов напиша на Телеграм дека во нападот е оштетено патничко возило, објави РИА Новости.
„Ваквите напади врз станбени области се насочена тактика дизајнирана да го тероризира цивилното население“, рече Оганесов.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Украински специјалци се инфилтрирале кај Русите, поставиле заседа. Извршиле два напади