Суд во Словачка денес пресуди дека човекот кој минатата година пукаше и го рани премиерот Роберт Фицo е виновен за тероризам и го осуди на 21 година затвор.
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше тешко ранет кон средината на мај 2024 година во обид за атентат во градот Хандлови.
Според Ројтерс, казната изречена денес против напаѓачот на словачкиот премиер може да се обжали до Врховниот суд на земјата.