Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе се движи во интервал од минимални пет до максимални 18 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 16 степени целзиусови.
Четврток носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне 19 степени целзиусови.19 степени целзиусови.
Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 18 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и во сабота. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 19 степени целзиусови.
И во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.
Слична временска состојба ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски