Заклучно 15 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 27,79% од гласачите, односно 26.079 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Податоците се базираат на обработени 98,80 отсто од избирачките места.
На минатите локални избори во истиот период гласале 28,25 отсто од гласачите.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.
Никола Ивановски