Навреме се отворени сите избирачки места во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.
Претседателката на Општинската изборна комисија Куманово Кристина Цветковска информираше дека сите избирачки места се отворени и граѓаните веќе го остваруваат своето право на глас.
Во Куманово денеска право на глас имаат 94.041 граѓани на 167 избирачки места.
Во текот на вчерашниот ден право на глас на територијата на општина Куманово имаа 166 болни и немоќни лица, а 116 осуденици во затворот во К’шање, како и 58 штитеници на Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Гласањето е почнато и во општината Старо Нагоричане, информираше претседателот на тамошната Општинска изборна единица Маријан Даиловски.
Во оваа рурална општина право на глас денеска имаат 3.011 лица на 38 избирачки места.
Право на глас на територијата на општина Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден имаа 19 болни и изнемоштени лица.
Во општината Липково исто така е започнато гласањето на сите 36 избирачки места, информираше претседателката на тамошната Општинска изборна комисија Ајше Демири.
Денеска право на глас во општина Липково имаат 26.362 лица, додека вчера за гласање биле пријавени 404 болни и изнемоштени.
Никола Ивановски