На 18 мај голем народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје (видео)

Сподели со своите пријатели

Во овие тешки времиња, кога Македонија е под сцениран напад за нејзина дестабилизација.

Loading...

Во овие времиња кога некои луѓе сакаат Македонија да не отвара фабрики, да не отвара нови работни места, да не гради инфраструктура, патишта и пруги, ВМРО-ДПМНЕ јасно сака да соопшти дека се спротиставува на сите сценарија за дестабилизација, изјави на денешниот прес, Никола Тодоров, така најавувајќи го големиот митинг на ВМРО ДПМНЕ закажан за 18 октомври во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш до сега ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволи заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на секој еден граѓанин на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија,

Митингот ќе се оддржи на 18 мај, понеделник во Скопје. Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин, истакна Тодоров.

 

 

Leave a Reply