Пауновиќ: Куманово ќе продолжи да биде град на културата, талентите и уметноста (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе продолжи да биде град на културата, талентите и уметноста, порача Јелена Пауновиќ, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, на денешната прес-конференција.

„Куманово отсекогаш било град на културата, талентите и уметноста. Град во кој се спојуваат традицијата и современоста, старото и новото, автентичното и модерното. Општината ќе продолжи да биде чувар и поддржувач на културниот идентитет, место каде што уметноста се негува, а традицијата се почитува,“ изјави Пауновиќ.

 

 

Таа потсети дека во изминатите години биле реализирани бројни вложувања во културната инфраструктура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ZnamGPT: ЗНАМ - прва партија со AI-платформа за директен дијалог со граѓаните

„Во изминатите години вложувавме во културната инфраструктура – реконструкција на објекти од историско значење, поддршка на фестивали, манифестации и културно-уметнички друштва. Организиравме настани што го збогатија културниот живот, но и го афирмираа Куманово како културен центар на североисточниот регион,“ рече Пауновиќ.

Во програмата за следниот мандат, најави, ќе се продолжи со зголемување на буџетот за културни програми, целосно финансирање на традиционални настани кои се дел од културниот идентитет на градот, како и поддршка на најуспешните културни манифестации кои ќе се издигнат на регионално и меѓународно ниво.

Ќе се спроведуваат активности за заштита и ревитализација на културното наследство, изработка на туристички водич за култура и историја на Куманово, промоција на локални атрактивни дестинации и организирање на манифестации како Кумановско културно лето, филмски фестивал на отворено, театар на отворено, фестивали, базари и програми за сите возрасти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бегалец од затвор баран со потерница, приведен во Куманово

„Почитувани, Куманово не е само град на историја, туку град на создавање. Град кој дише преку уметноста, се гордее со своите таленти и живее преку својата култура. Затоа, нашата мисија е јасна – да го зачуваме она што нè дефинира и да создадеме нови културни вредности што ќе ја инспирираат иднината. Куманово останува град на уметноста, традицијата и гордоста,“ порача Пауновиќ.

Никола Ивановски