Двајца приведени поради тепачка пред угостителски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени во Куманово под сомнение дека пред угостителски објект физички нападнале 52-годишник од Романовце.

– На 05.10.2025 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ж.С.(29) од село Тромеѓа, И.Н.(41) од село Марино, општина Илинден, Н.Д.(26) од Куманово и М.Д.(29) од Куманово затоа што пред угостителски објект на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово физички го нападнале О.Д.(52) од село Романовце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18-годишник возел на „Октомвриска“ со 100 километри на час

Никола Ивановски