Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во рамки на предизборниот караван ја посети локалната бизнис-заедница и се сретна со стопанствениците од градот.

– Наша главна цел во рамки на третиот мандат би била развој на домашното стопанство и поголем простор и за домашни и за странски инвестиции во градот, развој на нови индустриски зони по примерот на веќе потврдената индустриска зона Новини и Речица,дополнително помош на занаетчиството во градот како елементарна гранка за развој на стопанството, изјави Димитриевски.

 

 

Тој истакна дека програмата предвидува и реконструкција на двата зелени пазари преку приватен партнер кој би вложил во инвестицијата, како и формирање фонд за поддршка на млади претприемачи и стартап компании, заедно со поттик за занаетчиите, уметниците и креативните луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ вечерва со промотивна конвенција на плоштадот во Куманово

– И јас како кандидат за градоначалник и советниците коишто се кандидати на советничката листа ќе продолжиме со истата агенда со конечна цел Куманово да го видиме како една перспективна општина за домашни и странски инвестиции, но и дополнително да го трансформираме како еден од главните економски центри на Балканот, бидејќи тоа ни го пружа и новата раскрсница на Коридорот 8 и Коридорот 10 којшто поминува точно тука во нашиот град“, додаде тој.

Никола Ивановски