Ураганот Умберто, кој се движи над Атлантикот во близина на американскиот брег, се засили на категорија 5 во саботата и ослабе на категорија 4 во неделата, објави Националниот центар за урагани на САД.
Во соопштението се наведува дека е на сила предупредување за тропска бура за областа околу архипелагот Бермудски Острови, објавува CBS News.
Оваа бура може да донесе опасни бранови и да ги интензивира силните морски струи што ги загрозуваат животите на луѓето на Бермудските Острови, како и делови од северните Заветрени и Девствени Острови и Порторико.
Според директорот на Националниот центар за урагани во Мајами, Мајкл Бренан, оваа бура е еден од двата системи што се движат во западниот Атлантик, што би можело да има одредено влијание врз животите на луѓето на југоисточниот брег на САД, од Флорида до Северна Каролина.
Друг систем се засили во тропската бура Имелда во неделата, за која се очекува да донесе обилни врнежи од дожд по должината на брегот на Флорида, па сè до Северна Каролина на југ.