Акциите на воените компании во Европа растат поради изјавата на Трамп

Сподели со своите пријатели

Денес, 24 септември, европските берзи забележаа пад, но акциите на компаниите од воената индустрија се издвојуваат со раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина може да ја врати целата своја територија.

„Мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја врати својата територија во разумни граници“, рече претседателот Трамп во објава на неговата социјална платформа Truth Social.

Индексот Stoxx 600 во Лондон падна за 0,5 проценти во раното тргување, додека речиси сите сектори беа во минус.

Исклучок беа акциите на компаниите од воената индустрија, па така индексот Stoxx Europe Aerospace and Defense порасна за 1,1 процент, објави NBSC.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка го осудува признавањето на Палестина, Израел ја интензивира офанзивата во Газа

Најголем добитник беше шведскиот Saab со раст од пет проценти, додека германскиот производител на делови за тенкови Hensolt напредуваше за 4,5 проценти. Исто така, акциите на шведската Mildef Group пораснаа за 3,4 проценти.

Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк и го поддржа правото на членките на Алијансата да соборуваат руски авиони ако тие преминат во нивниот воздушен простор, објави Танјуг.