Утре започнува 28. издание на МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово од утре од 20 часот започнува 28. издание на Меѓународниот театарски фестива „Денови на комедија“.

Љубителите на комедијата ќе имаат можност да проследат 11 претстави од Македонија, Србија и Бугарија кои годинава ќе се најдат на репертоарот.

Утревечер на свеченото отворање се очекува да присуствуваат и министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот Максим Димитриевски. Пред да започне официјално првата претстава, ќе биде доделена наградата „Васил Иљоски“ на годинешниот лауреат на фестивалот, актерката Весна Петрушевска – Бејби.

Честа да го отвори фестивалот, годинава му припаѓа на Театарот „Јохан Џ. К. – Џинот“ од Велес со претставата „Госпоѓа министерка“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со огнено оружје се заканувал на сограѓанин во центарот на Куманово

Станува збор за комедија која го илустрира токму времето во кое живееме, а во претставата играат Зорица П. Панчиќ, Фаик Мефаиловски, Талија Настов, Симона Димковска, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски, Кире Ацевски и Филип Христовски, под режисерска палка на Синиша Евтимов.

Шлаг на торта секоја година,  така и ова ќе биде претставата на Театар Куманово. Годинава ќе ја играат „Разбуди се Тина“, а освен премиерата, скоро е распродадена и првата реприза закажана веднаш ден по фестивалот.

За огромниот интерес на фестивалот говори и фактот што само првиот ден откако беа пуштени во продажба, имаше огромни редици пред Центарот за култура, а според информациите на Кумановски Муабети продадени се над 1.500 билети само во саботата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државјанин на Холандија заврши во болница откако бил претепан во Куманово

Дел од претставите се веќе целосно распродадени.

Никола Ивановски