Украинските сили за прв пат погодија руски амфибиски авиони Бе-12 во Крим

Сподели со своите пријатели

Воената разузнавачка служба на Украина (УР) објави дека нејзините сили за прв пат собориле два руски амфибиски авиони Бе-12 Чајка на окупираниот Кримски полуостров.

Нападот е извршен на 21 септември, а го извршила специјалната единица Примари, според официјалното соопштение. УР, исто така, објави видео од нападот.

– Ова е првиот напад врз авион Бе-12 во историјата – вели украинската страна.

Бе-12 Чајка е советски амфибиски авион наменет за антиподморнички операции и опремен со напредни системи за откривање и уништување подморници.

Во посебна операција, украинските сили тврдат дека собориле и руски хеликоптер Ми-8. Еден ден претходно, УР објави дека уништиле три хеликоптери Ми-8 и една радарска станица во Крим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин подготвува напад врз европска земја пред Божиќ, откриваат деталите од пеколниот план

Овие операции претставуваат продолжение на интензивирањето на украинските напади врз клучните воени цели на Крим, кој е под руска окупација од 2014 година.