Синот натепал кумановец на плоштадот, мајката пак го тепала во станица

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец и неговата мајка завршија во полиција, откако прво синот се пресметал со сограѓанин на плоштадот во Куманово, а потоа во полициската станица неговата мајка физички го нападнала истиот човек.

– На 20.09.2025 во 22:30 часот  полициски службеници од СВР Куманово го приведоа С.И.(21) од населба Средорек, кумановско, затоа што во централното градско подрачје во Куманово, по претходна расправија, го нарушил јавниот ред и мир, со физичка пресметка со Д.А.(48) од населба Ѓорче Петров, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, потоа во полициската станица во Куманово, С.И. (47),  мајка на приведениот, физички го нападнала Д.А..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи последната седница во овој состав

– По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, стои во соопштението.

Никола Ивановски