Четири лица од Куманово ноќва биле приведени под сомнение дека на булевар физички нападнале 39-годишен сограѓанин.
– На 20.09.2025 година во 00.10 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.А.(23), А.А. (21), Б.И.(23) и Е.И. (24) сите од Куманово, затоа што на булевар „Трета македонска ударна бригада” во Куманово физички го нападнале О.Е. (39) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски