Учесници на семинар се затруле со храна во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест пријавени случаи и 36 експонирани лица по труење со храна, беа доволни Центарот за јавно здравје да пријави епидемија на алиментарна токсоинфекција.

Како што информираат денеска од Центарот за јавно здравје Куманово, станува збор за учесници на семинар – обука организирана од една фирма во ресторан во Куманово.

– По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11.09.2025 година заболените симптомите на труење со храна ги развивале по 4 па до 16 часа со обилни повраќања, зачестени воденести столици на секои 10 ,15 или 20 минути, малаксалост, температура до 41 степени , треска, болки и грчеви во стомак иглавоболка, велат од ЦЈЗ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово со кривични за 11 лица поради малверзации со увоз и регистрација на возила

Од шест заболени, две лица биле хоспитализирани, три во дневната болница, а едно лице било пуштено на домашно лекување.

– Од страна на епидемиолог на  ЦЈЗ Куманово , ДСЗИ ПЕ Куманово и АХВ ПЕ Куманово на 15.09.2025 година по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна  направен е координиран надзор во гостилницата и се земени брисеви и мостри храна во гостилницата  за микробиолошко испитување. Превземени се сите хигиено-епидемиолошки  соодветни противепидемиски мерки, стои во соопштението.

Како што додаваат од ЦЈЗ Куманово, објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали.

Во меѓувреме, епидемиолошката состојба се следи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „55 – години ликовно творештво” на Боро Арсовски - Бабата

Никола Ивановски