Македонија има 6,9 тони монетарно злато, светски шампион е САД

Сподели со своите пријатели

Монетарно злато е злато кое се користи за монетарни цели, а не за индустриска или комерцијална употреба. Тоа претставува: злато во форма на шипки (златни прачки) или плочи со висока чистота (обично над 995/1000) и е во сопственост на централни банки, монетарни власти или меѓународни финансиски институции (како ММФ). Монетраното злато се користи како дел од девизните резерви на една држава.

Анализата што ја направи порталот Пари согласно последните податоци од Народната банка покажуваат дека Македонија има монетрно злато во вредност од 647,8 милиони евра, што е 13,6 проценти од вкупните девизни резерви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лукашенко разговараше со претставникот на Трамп во Минск

Светскиот совет за злато објавува колку тони злато имаат одделни земји. Според нивните податоци, Македонија има 6,9 тони монетрано злато.

ЗОШТО Е ВАЖНО МОНЕТРАНОТО ЗЛАТО?

Златото е важна компонента на резервите на централните банки поради неговите карактеристики на безбедност, ликвидност и поврат – трите клучни инвестициски цели за централните банки. Како такво, тоа е значајно за неговите сопственици, сочинувајќи околу една петтина од вкупното злато што е ископано низ историјата,  пишува

Светскиот совет за злато (World gold council)  (https://www.gold.org/goldhub/data/gold-reserves-by-country). Според извештајот што го презентираа, златото во јули сочинува околу 21,7% од глобалните официјални резерви.

Но, во Еврозоната процентот е 66,5%. Најголема количина на злато има САД – 8.133 тони, а најмала на листата 100 земји, Исланд – 2 тони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напаѓачот мртов, еден ученик во критична состојба по пукање во средно училиште во САД

ТОП 10 држави со најмногу монетрано злато

 

Според презентираните податоци од Светскиот совет за злато, земјите во светот поседуваат вкупно 36.359,7 тони монетрано злато, а само Еврозоната 10.764,7 тони.

 МАКЕДОНИЈА НА 81-ВО МЕСТО МЕЃУ 100 ЗЕМЈИ

На листата од 100 земји, Македонија го зазема 81-то место по количини на монетрано злато што ги поседува.

Пари го анализира и рангирањето во однос на земјите од регионот.

По својата големина Македонија обично се споредува со Словенија, а оваа земја има помалку монетарно злато од нас, односно 3,7 тони и вредносно тоа учествува со 12,1 процент во девизните резерви.

Во регионов, најмногу монетрано злато има Србија – 50,8 тони, што е 16,6% од нејзините девизни резерви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија го смени својот амбасадор во САД поради врски со Епштајн

 

КАКВА Е СТРУКТУРАТА НА НАШИТЕ ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ?

Вкупните девизни резерви во август биле 4,75 милијарди евра, а најголемо дел од нив се пласирани во хартии од вредност 74,6%, по што следува монетарното злато – 13,6% и на крај валутите и депозитите со учество од 11,7 проценти.