Ширум Германија предупредувања за обилни врнежи од дожд и невреме

Сподели со своите пријатели

Германската метеоролошка служба (DWD) издаде предупредување за катастрофа поради обилните врнежи од дожд што паѓаат на запад и југозапад од земјата од вечерта, со ризик од локални поплави, според соопштението на DWD.

Врнежите започнаа во понеделник вечерта, кога област со интензивни врнежи пристигна од југ и ја зафати западна Германија, а во вечерашното ажурирање во 15:30 часот, DWD предупреди на „екстремно обилни врнежи“, особено на запад, околу Келн и Бон и Кобленц, каде што се можни и локални бури, пишува денес германски Билд.

Радарот за дожд покажува дека од 4 часот врнежите не престанале, додека западно од Келн дождот почнал интензивно да паѓа од 2 часот наутро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон во потрага по премиер

Според Билд, тоа било особено критично во Бедбург, каде што биле поплавени улици и подруми.

Во текот на попладневните и вечерните часови, врнежи и грмотевици се очекуваат и на североисток, додека локални грмотевици со обилни врнежи од дожд ќе бидат можни по течението на реката Елба, пренесува Танјуг.