Си Џинпинг повика на зајакнување на единството и соработката меѓу Кина, Русија и Монголија

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и монголскиот претседател Ухна Хурелсух денес одржаа трилатерален состанок во Пекинг и повикаа на зајакнување на единството и соработката меѓу овие земји.

Loading...

„Колку е понестабилна и покомплицирана меѓународната ситуација, толку повеќе Кина, Русија и Монголија треба да го зајакнат единството и соработката, да ја зголемат меѓусебната поддршка и да ги почитуваат основните интереси и сериозните загрижености меѓусебно“, рече Си, пренесува РИА Новости.

Си и Путин претходно разговараа во поширок и потесен формат и се согласија дека билатералните односи меѓу двете земји се на исклучително високо ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Утре, Путин и Ун, заедно со други светски лидери, вклучувајќи го и српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе присуствуваат на воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата во Втората светска војна, пренесува Танјуг.