Една жена е убиена, а две се повредени во напад на руската армија врз регионот Херсон на југот на Украина, објавија денес тамошните власти.
Loading...
Според прелиминарните истраги, руската армија го бомбардирала градот Херсон утрово околу 2:45 часот, соопшти украински портпарол на Фејсбук.
Обвинителството објави покренување истрага за наводното воено злосторство поради најновиот напад.