Јужна Кореја ќе купи повеќе од 100 Боинг авиони

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејската авиокомпанија „Корејан Ер“ денес објави дека потпишала договор вреден 50 милијарди долари со „Боинг“ и неговите партнери во Соединетите Американски Држави, кој предвидува купување на повеќе од 100 авиони, резервни мотори и долгорочен договор за одржување.

Loading...

Договорот беше официјално потврден на церемонија во Вашингтон, во присуство на американскиот и јужнокорејскиот претседател, Доналд Трамп и Ли Џае-мјунг, пренесува АП.

Според соопштението на авиокомпанијата, договорот вклучува 103 авиони „Боинг“ од новата генерација во вредност од 36,2 милијарди долари, 19 резервни мотори во вредност од 690 милиони долари испорачани од „GE Aerospace“ и „CFM International“, како и 20-годишен договор за одржување на мотори со „GE Aerospace“ во вредност од 13 милијарди долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хеликоптер падна во езеро во Франција додека се обидуваше да наполни вода (ВИДЕО)

Флотата на нарачани авиони вклучува 20 модели „Боинг 777-9“, 25 „787-10“, 50 „737-10“ со тесен труп и осум „777-8F“ товарни авиони. Испораките ќе се одвиваат во фази и ќе бидат завршени до крајот на 2030 година.

„Инвестирањето на американскиот пазар дополнително ќе ги зајакне оперативните капацитети и глобалната конкурентност на авиокомпанијата, а во исто време ќе ги продлабочи трговските врски што ќе овозможат одржлив раст“, ​​велат од „Корејен Ер“, како што објави „Танјуг“.