Во вчерашното издание на ”Топ Тема” на Телма, гости во студиото беа двајца новинари – известувачи од Куманово, Џенис Сулејмани од Љајм редакција, Сандра Томовска од Кумановски Муабети, Жанета Трајковска од Високата школа за новинарство и новинарот и и уредник во СИТЕЛ Телевизија, Марјан Николовски.
Loading...
На ”Топ тема” на Телма, новинарите дебатираа за тоа дали медиумите известуваа објективно за тоа што се случуваше во градот, и дали емоциите беа оставени настрана, со оглед дека новинарската професија налага професионалност дури и во моменти на известување од кризни региони.