Кои ЕУ членки ги кочат потенцијалните санкции против Израел?

Сподели со своите пријатели

Германија и неколку други членови на Европската унија го одолговлекуваат предлогот за санкционирање на Израел заради неговата улога во влошување на хуманитарната состојба во Појасот Газа, соопштија дипломатите за ДПА.

Loading...

За време на разговорите на постојаните претставници на блокот во Брисел, не беше постигнат договор за започнување на формален процес на донесување одлуки, бидејќи некои земји побараа повеќе време за проценка и анализа на ситуацијата на терен, според дипломатите.

Некои делегации изразија загриженост дека санкциите би можеле да го загрозат важниот дијалог со израелските власти.

Според правилата на ЕУ, најмалку 15 од 27-те земји-членки што претставуваат 65 проценти од населението на ЕУ мора да го поддржат предлогот за тој да продолжи.

Германија и Италија се сметаат за клучни играчи. Други големи членки на ЕУ, како и голем број помали, сигнализираа отвореност кон идејата за санкции.

Дипломатите рекоа дека многу делегации изразиле поддршка за предлогот за санкции како начин за зголемување на притисокот врз израелските власти и подобрување на ситуацијата во Газа.

Европската комисија во понеделник препорача делумно суспендирање на учеството на Израел во програмата за финансирање на истражувања „Хоризонт Европа“, предупредувајќи на кршење на човековите права и хуманитарното право во Газа.

Предлогот укажува на илјадници мртви цивили и зголемување на тешката неухранетост, особено кај децата.

Loading...

Работна група на Советот на ЕУ сега ќе ги разгледа техничките аспекти на предложените санкции.

Дипломатите предупредија дека процесот би можел да се соочи и со правни одложувања, бидејќи некои земји-членки се прашуваат дали мерките можат да се усвојат со квалификувано мнозинство.