Започна реконструкцијата и рехабилитација на фекалната канализација започна денеска на потегот на улиците „Перо Чичо“ и “Перо Шварц“, улицата „Моша Пијаде“ и „Народна Револуција“ во должина од 1.040м.
Еден проект кој исто така е во опфатот на ИПА, четири милиони и двесте илјади евра. Многу значаен бидејќи ова е стара канализација, луѓето имаат сериозни проблеми, а и патната инфраструктура е доста нарушена. Од таа позиција нема и реконструкција на патна инфраструктура бидејќи сега прво се постава канализационата инфраструктура и потоа ќе отпочнеме со решавање на патна инфраструктура – рече Дамјановски кој денес беше во увид на работните активности на терен.
Loading...
Целиот проект се очекува да заврши за година и половина кога Куманово ќе добие вкупно 26 километри нова фекална канализација, а улиците Перо Чичо“ и “Перо Шварц“,„Моша Пијаде“ и „Народна Револуција“ се очекува да бидат завршени кон средината на септември.
За околу дваесетина дена се очекува да започне и проектот за канализациона мрежа во месноста Гладно поље.