Серија земјотреси ја погодија Гватемала, најмалку двајца загинати

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа во серија земјотреси што ја погодија Гватемала, изјави утрово службено лице за цивилна заштита во таа централноамериканска земја.

Loading...

Службено лице од агенцијата за управување со катастрофи изјави дека две лица загинале кога нивното возило било затрупано во свлечиште на пат југозападно од главниот град на Гватемала.

Земјотресите биле со јачина од 4,8 до 5,6 степени на мала длабочина, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресите предизвикале материјална штета.

Земјотресите биле почувствувани и во соседниот Ел Салвадор.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотниот бран во Велика Британија одзеде 263 животи за 10 дена