Германија тврди дека Русија ја зголемила употребата на хемиско оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија ја зголемила употребата на хемиско оружје во Украина, тврди германската разузнавачка агенција БНД, повикувајќи се на докази што ги добила заедно со своите холандски колеги.

Loading...

Во соопштението се наведува дека Русија користи не само солзавец во Украина, туку и поопасна хемикалија, хлоропикрин, која може да биде смртоносна во високи концентрации во затворени простори, објави Ројтерс.

„Ова претставува посериозно кршење на Конвенцијата за хемиско оружје, која забранува употреба на тој агенс во сите околности“, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Загина потпретседателот на руската нафтена компанија. „Падна низ прозорец“!