50 хектари површина изгоре во пожарот во Ваксинце и Слупчане

Сподели со своите пријатели

Околу педесет хектари површина изгореа во пожарот кој вчера ги зафати селата Ваксинце и Слупчане во липковскиот крај.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, опожарени се сува трева, житни култури, лозје и нискостеблеста шума.

Четворица пожарникари до Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале во период од 15:15 до 20:40 часот, а во гаснењето им помагале и мештани од селата.

ТППЕ Куманово интервенирале вчера и на запален смет во населбата Средорек со двајца пожарникари во период од 17:33 до 18:05 часот.

На булеварот „Октомвриска револуција“ вчеравечер се запалил автомобил. Петмина пожарникари интервенирале во период од 19:30 до 19:50 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Пеколните температури продолжуваат

Утринава пак во 05:40 часот во ЦУК било пријавено дека во околината на автобуската станица мириса на пластика. Граѓанинот кој пријавил стравува дека воздухот е загаден затоа што пластиката е запалена. Во меѓувреме биле известени полицијата и инспекциските служби.

Никола Ивановски