Јапонија го погуби „убиецот од Твитер“: Криел девет тела во фрижидер

Loading...
Сподели со своите пријатели

Такахиро Шираиши, познат како „Твитер убиец“, беше погубен откако беше осуден на смрт во 2020 година за убиство на девет лица во 2017 година.

Неговата егзекуција претставува прва примена на смртна казна во Јапонија за речиси три години, пишува Скај њуз, како што објави Танјуг.

Во 2017 година, Шираиши убил девет лица, повеќето од нив жени, вклучувајќи тинејџерки, со кои претходно контактирал преку социјалната мрежа Твитер, нудејќи им помош во остварувањето на нивните самоубиствени намери.

Покрај тоа, тој ги силувал и убил жртвите во својот стан во близина на Токио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавени огнени топки низ југоисточниот дел на САД (ВИДЕО)

Тела во фрижидерот

Тој го убил и момчето на една од жртвите за да го спречи да зборува за своите злосторства.

Полицијата го уапсила откако пронашла тела на осум жени и еден маж во неговиот фрижидер.

Егзекуцијата доаѓа во време кога има сè повеќе повици за укинување на смртната казна во Јапонија, особено по ослободувањето на Ива Хакамада, затвореникот со најдолг отслужување на казна во земјата, кој беше ослободен минатата година по 56 години чекање на смртна казна за фалсификување докази.

Министерот за правда Кеисуке Сузуки изјави дека ја донел одлуката за егзекуција на Шираиши по темелна анализа, нагласувајќи дека неговите злосторства предизвикале „голем шок и немир“ во јапонското општество.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во метро: Маж запали вагон полн со патници (ВИДЕО)

„Не е соодветно да се укинува смртната казна додека продолжуваат да се случуваат вакви насилни злосторства“, рече Сузуки.

Во моментов има 105 затвореници кои чекаат на смртна казна во Јапонија.