Трет ден, стотици пожарникари се обидуваат да ги контролираат пожарите на неколку локации на грчкиот остров Хиос, кој прогласи вонредна состојба.
Околу 444 пожарникари, поддржани од осум авиони, се распоредени на островот во североисточниот дел на Егејското Море за да се борат со пожарите што опустошија големи површини шума и обработливо земјиште и принудија стотици жители да се евакуираат во последните денови.
Хиос моментално е во средината на туристичката сезона, а властите сакаат да спречат ширење на пожарот во областите познати по производството на мастика – природна смола добиена од мастикови дрвја.
Властите издадоа ново предупредување во вторник, советувајќи ги жителите на крајбрежното село југозападно од градот Хиос, главниот град на островот, да ја напуштат областа бидејќи бел чад се издига над блиската плажа.
Снимките во живо од грчката државна телевизија покажаа хеликоптер како истура вода врз областа.
– Сè уште е потребна многу работа за да се стават пожарите под контрола – изјави за Ројтерс функционер на грчката противпожарна служба, кој сакаше да остане анонимен.
Тој додаде дека северните ветрови им ги отежнуваат напорите на пожарникарите.
Greece has put the Mediterranean island of Chios under a state of emergency as multiple wildfires continued to burn for the second day. Several villages were evacuated, and a camp for asylum seekers has also been affected. pic.twitter.com/2q1k1Iggjb
— DW News (@dwnews) June 24, 2025