Иран повторно го нападна Израел: Делови од Тел Авив непрепознатливи (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Голема материјална штета е предизвикана во централниот дел на Израел по новиот напад од страна на Иран, а има и ранети лица.

Судејќи според фотографиите, градот Рамат Ган, недалеку од Тел Авив, е уништен.

Регистрирани се четири директни удари – три во областа Гуш Дан, која го вклучува поширокиот регион на Тел Авив, според извештаите на медиумите од Израел.

Најтешко погодените места е регистрирана сериозна штета на инфраструктурата, а една зграда во градот Холон е целосно урната.

Властите потврдија дека најмалку 20 лица се повредени во нападот врз Рамат Ган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што навистина ќе се случи ако Америка одлучи да го бомбардира Иран?

Службите за итни случаи се на терен, а операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.

Овие удари дополнително го поставуваат прашањето за ефикасноста на израелскиот систем за воздушна одбрана, кој очигледно не успеал да ги пресретне сите ракети.

Во последните денови, американските медиуми објавија дека Израел интензивно ги користи своите залихи од противракетни ракети и дека може да се брани уште 10 дена без американска интервенција.

Loading...

Сликите од урнатините и оштетените згради јасно сведочат за сериозноста на ситуацијата и претставуваат еден од најтешките напади врз централен Израел досега.