Градоначалник на Москва: Руската воздушна одбрана собори два дрона

Сподели со своите пријатели

Руската воздушна одбрана собори два дрона што летаа кон Москва, соопшти денес градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Loading...

Привремени ограничувања за летови се воведени на аеродромите Внуково, Домодедово, Жуковски и Калуга, објави РИА Новости.

Во меѓувреме, силите за воздушна одбрана уништија пет украински беспилотни летала во регионот Калуга, објави денес локалниот функционер Владислав Шапша.

Според него, во нападите нема повредени ниту материјална штета. Администрацијата на Ивановскиот регион објави дека остатоците од украински дрон паднале во индустриската зона во Кинешма и оштетиле објект за складирање и пакување, но никој не е повреден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сибиха: Русија треба веднаш да го достави својот меморандум за предлозите за прекин на огнот

Според руската агенција, нападите со украински беспилотни летала на руска територија се интензивирале во последните денови, како и врз Москва, а претходниот ден воздушната одбрана уништила 51 беспилотно летало во централниот округ.