На 8 јули годинава на патниот правец Скопје – Куманово при вршење на внатрешна контрола, инспекторите од Одделението за истраги на Царинска управа, се обиделе да стопираат комбе со скопски регистарски ознаки, но возачот на комбето не застанал и се дал во бегство, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Веднаш потоа, комбето било присилно стопирано и под придружба на царинските инспектори испратено на детален преглед во магацинот на Царинската испостава Куманово. При извршениот детален преглед во комбето, помеѓу останатата стока беа пронајдени и 12 картонски кутии режан тутун тип Вирџинија за кои сопственикот не поседувал никаква документација.


