Кинескиот гигант „Алибаба“ размислува за изградба на логистички центар во Ниш

Сподели со своите пријатели

Српскиот град Ниш и кинескиот град Хангжу потпишаа Меморандум за разбирање за пријателска размена со цел подобрување на односите меѓу двете земји, а на средбата било разговарано и за можноста за изградба на логистички центар на „Алибаба“ во Ниш.

Loading...

Градоначалникот на Ниш Драгослав Павловиќ потсети дека Хангжу е и седиште на кинескиот гигант Алибаба и дека една од идеите е овој колос на светската интернет трговија да изгради логистички центар во Ниш, објави градот Ниш на својата веб-страница.

Меморандумот, како што беше наведено на состанокот во Ниш, се базира на писмото за намера за зајакнување на дигиталниот „Пат на свилата“ потпишано во 2018 година, што ќе отвори врата за подобра размена на знаења, идеи и стоки, но и ќе ја зајакне соработката меѓу Ниш и економскиот и културниот центар на Источна Кина, изјави Павловиќ по средбата со кинеската делегација и потпишувањето на Меморандумот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали производите од ТЕМУ ќе ја преплават Европа?

Павловиќ додаде дека на состанокот се разговарало и за доаѓањето на нови кинески компании на југоистокот на Србија и дека ова е можност значително да се подобри нивото на надворешно-трговска размена и високотехнолошката и научната соработка.

Претставникот на кинеската делегација, Ванг Џансјао, нагласи дека ова е уште една потврда за железното пријателство на двата народа и продолжувањето на процесот „Еден појас, еден пат“, во кој Србија е важен фактор.

Тој рече дека економската, културната, научната и образовната соработка со Србија е од големо значење и дека подобрата врска меѓу Хангжу и Ниш е искрена желба на двете страни.