Викенд прогноза за Куманово: Ноќва дожд, во недела сонце

Сподели со своите пријатели

Времето денеска нзи Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови (од 20 до 30 l/m 2 ), а во останатите (од 10 до 15 l/m 2 ).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за повеќе лица поради злоупотреби со превоз на ученици во „Киро Бурназ“

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималнта дневна се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

 

 

Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни, поради што ќе стапи на сила жолт метео аларм поради опасност од врнежи од дожд.

 

Loading...

 

Утре нзи кумановско ќе имаме променливо облачно време, но без врнежи.

Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 6 до максимални 20 степени целзиусови.

 

 

Сончево и топло време ќе имаме во недела, кога ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Една деценија од нападот во Диво Насеље

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а дненвиот максимум се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на првата половина од следната работна недела.

Никола Ивановски