Грчки државјанин вчера околу пладне бил приведен на Граничниот премин Табановце бидејќи се обидел да внесе марихуана во Македонија.
– На 05.05.2025 околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција. При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово.
– По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски