Приведен кумановец кој се заканувал на родителите

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил приведен ноќва во Куманово по пријава дека се заканувал на неговите родители и го оштетил инвентарот.

Loading...

– На 29.04.2025 година во 01.55 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(38) од Куманово, затоа што се заканувал на неговите родители и оштетил инвентар во неговиот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акција за собирање кабаст отпад на три локации во Куманово