Акција за собирање кабаст отпад на три локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

На три локации во Куманово од денеска па до 3ти мај ќе се спроведе акција за собирање кабаст отпад.

Loading...

– Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ организираат акција за собирање на кабаст отпад, следејќи насоки од Министерството за животна средина и просторно планирање, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Граѓаните ќе можат отпадот да го депонираат на обележани локации во Агино село кај црквата, на влезот во селото Черкези кај железничкиот премин, како и на излез на станицата за технички преглед на патот за село Режановце.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворен Соколански парк, ќе се санираат оштетените делови