Стармер му честиташе на Марк Карни за неговата победа на канадските избори

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, му честиташе на Марк Карни за победата на Либералната партија на федералните избори во Канада.

Loading...

„Му честитам на Марк Карни за неговата изборна победа. Велика Британија и Канада се најблиски сојузници, партнери и пријатели. Со вашето лидерство и лични врски со Обединетото Кралство, сигурен сум дека односите меѓу нашите земји ќе продолжат да растат“, рече Стармер, пишува Гардијан.

Тој рече дека Канада и Велика Британија ќе работат заедно на продлабочување на економската соработка за да се обезбеди безбедност за „вредните луѓе во Велика Британија и Канада“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Профитот на нафтениот гигант БП падна за 49 проценти во првиот квартал

„Го поздравувам вашето лидерство по меѓународните прашања и сум сигурен дека ќе продолжиме тесно да соработуваме по прашања поврзани со одбраната, безбедноста, трговијата и инвестициите додека се подготвуваме за самитот на лидерите на Г7 во (канадскиот) Каннада во јуни“, рече Стармер.

Либералната партија на премиерот Марк Карни победи на федералните избори во Канада, а тој по објавувањето на резултатите изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп никогаш нема да ја поседува Канада.

Според резултатите, Либералната партија освои 167 од 373 места, поради што најверојатно ќе мора да влезе во коалиција со друга партија, објавува „Нешнал пост“.