Хаос во сообраќајот и комуникациите, откако Шпанија остана без струја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија поради огромен дефект во електроенергетскиот систем, соопшти шпанскиот оператор на електрична мрежа „Ред Електрика“.

Loading...

Пријавени се прекини на електричната енергија од Мадрид до Лисабон, а големи региони на Иберискиот Полуостров останаа без електрична енергија.

 

 

Делови од метрото во Мадрид се евакуирани, а семафорите во градот се исклучени, според извештаите на локалните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медиуми: САД работат на организирање средба меѓу Нетанјаху и Ал Шара

Телефонските линии беа во прекин низ целата земја.

„Ред Електрика“ објави дека соработува со енергетските компании за што побрзо да го врати снабдувањето.

Loading...

 

 

„Причината сè уште се анализира и сите ресурси се насочени кон решавање на проблемот. Ќе продолжиме да ве информираме“, соопшти шпанската мрежа.

Струјата снема и во метрото во Валенсија.