Каратистите на кумановскиот карате клуб Ронин Доџо се вратија со 13 медали од 23. Меѓународен карате турнир „Власотинце опен 2025“.
Кирил Младеновски освои прво место во категоријата ката тим, како и трето место во ката поединечно.
Два златни медали освои Дамјан Стојановски, во категориите ката тим и ката поединчено, додека Андреј Стојановски освои прво место во ката тим, а второ место во ката поедничено.
Лазар Блажевски освои две втори места во истите категории, исто како и Марко Крстевски.
Голем успех оствари и Емил Миленковски кој се врати со дури три медали. Освои прво место во ката поедничено, второ место во ката тим, додека со бронза заврши во поединечните борби.
– Нема поголема награда за тренерот кога неговите ученици ќе направат резултати вредни за почит. Потребни се години на упорен и истраен труд да се дојде до квалитет и да може натпреварувачот да дава резултати. Мојата верба во моите ученици донесе плодови, т.е. медали. Никако не треба да ја заборавиме тука и поддршката на родителите во целиот процес на подготовки и натпревари. Тој свет триаголеник учител – ученик – родител, мора беспрекорно да фунционира за да може да остваруваме резултати и да имаме здрави деца спортисти ки во иднина ќе бидат совесни и чесни граѓани, изјави тренерот на Ронин Доџо, Оливер Милорадовски.
Никола Ивановски